Што е подготвена да промени власта во изборниот законик и што ќе прифатат помалите партии
Намалувањето на прагот на потписи за независни листи на локалните избори од 2 на 1 отсто запишани избрачи, или пак негово тргање не е доволно за помалите парламентарни партии да ја тргнат блокадата на измените на Изборниот законик. Велат дека најдобро е измените на изборните правила да се остават по локалните избори.
Пратенички извори коментираат дека и Левица која има над 700 амандмни кратко одговорила на понудата за преговори за Изборниот законик: отстапки нема, блокадата останува.
Заев претходно во текот на денот даде понуда да се намали прагот за независни листи што беше и едно од барањата.
Но, ова не е единствената забелешка на помалите партии. Освен за независните листи реагираат и на прагот од 3 отсто за префериран советник, како и менувањето на Изборниот законик на 2 месеци пред изборите.
Измените на Изборниот законик се во собраниска процедура, но поради блокадите останува за нив да се расправа по годишниот одмор на пратениците. Останува и нејасно дали доколку се донесат измените тие ќе можат да се применат за лоаклните избори закажани за 17 октомври без проблеми.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар