Македонија
22. September 2021 - 16:46

Што бара Радев од Македонија да исполни за да Бугарија го подигне ветото? - Заев ги повтори истите барања за кои се разговара

Конкретните резултати и правосилните одлуки  кои Софија ги бара од Скопје како услов за деболокирање на прегворите со ЕУ,  не се ништо ново за премиерот Заев. Напротив на нив интензивно се работи а до крајот на годинава Заев очекува решенијата да бидат сработени.

-Ќе треба да има дипломатска нота во којашто ќе се опишува дека краткото име е исто со долгото име, односно Северна Македонија е исто со Република Северна Македонија и нема територијални претензии. Дека не се мешаме во внатрешните работи, вклучително и за малцинските права.

Заев објасни дека промените на учебниците, музеите и спомениците кои ги побара бугарскиот претседател Радев средбата со еврокомесарот Вархеји, ке бидат во духот на добрсоседството и пријателството, а ќе се отстранат термините кои ја навредуваат и етикетираат другата страна.

Се зборува за термини каде што стои називот на пријателската нација Бугарија е поврзана со фашистички окупатор. Никаде во Европа не се споменува името на нацијата, се спомнува фашистички окупатор, и во тој дух во духот на пријателството, соработка и добрососедство очекуваме тоа да се направи. Имаме препознаено и одредени слабости кај бугарските учебници, спремни се и тие од таа страна тоа да го направат, бидејќи така се гради добрососедство, затоа што ниту во тоа време не можете да квалификувате една цела нација за определена.

Претседателот Радев вчера го прозва Скопје и за непочитување на правата на Бугарите во Македонија а од Европската Унија  побара заштита и гаранција на нивното право на самоопределување бидејки, како што истакна се работи за 120.000 граѓани кои во исто време се и европски и бугарски.