Балкан
20. February 2017 - 17:48

Штир: Хрватска сака да придонесе за зајакнувањето на косовските институции

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Давор Иво Штир изјави денеска дека Загреб сака преку европското партнерство да придонесе за зајакнувањето на косовските институции, како и да помогне за спроведување на Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА), јави Хина. 

Штир на прес-конференцијата, одржана по состанокот со косовскиот министер за надворешни рабори Енвер Хоџај истакна дека двајцата министри „развиваат одлична соработка“. 

- Со Приштина имаме и договор за европско партнерство и во тие рамки сакаме заедно со полските и германските експерти да ја продолжиле соработката за поддршка на косовските институции и спроведување на ССА, нагласи Штир, додавајќи дека Хрватска, во контекст на зајакнувањето на стабилноста во регионот, дава голема поддршка во дијалогот меѓу Белград и Приштина. 

Истовремено, Штир најави и интензивирање на економската соработка.

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај наведе дека Приштина сака „одличните политички односи“ а бидат пропратени со добри економски односи. 

- Благодарни сме и на Хрватска за поддршката во европските институции со зајакнување на одличните политички односи сакаме да чекориме кон извноредни економски односи, потенците Хоџа.