Македонија
20. April 2017 - 14:02

Штипското комунално претпријатие „Исар“ награди вработени за минатиот труд

Штипското комунално претпријатие „Исар“ денеска на своите вработени, кои полнат 10,15 и 20 години работен стаж им врачи пригодни подароци.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев вели дека вкупно 137 вработени оваа година полнат 10,15 и 20 години работен стаж, а тоа се луѓето кои секојдневно на градот Штип му обезбедуваат чиста и квалитена вода за пиење, чисти улици и го разубавуваат градот.

- Треба да се има една ваква традиција, за луѓето да знаат преку тој скромен подарок, кој што ќе го добијат поради макотрпната работа, а го и заслужиле, да се потсетат во некое време кога ќе отидат во пензија, вели Бојаџиев.

Мише Којзеклиски кој годинава полни 20 години работен стаж во ЈП „Исар“ вели дека ова е голем јубилеј.

Вработените во штипското комунално претпријатие „Исар“ за минатиот труд добија признанија и часовници. Во текот на оваа година според Програмата за работа им претстои изградба на нови водоводни и канализациски мрежи, како и набавка на нова опрема во неколку работни единици.