Македонија
18. September 2019 - 15:43

Штипските угостители и институции подготвени за манифестацијата „Пастрамајлијада“

Штипските институции и угостители се подготвени за манифестацијата „Пастрамајлијада“, што ќе се одржи викендов на старата локација, односно на улицата кај новата Пошта и Градскиот стадион. Угостителите и локалните институции денеска имаа средба, на која се договараа детали за успешно организирање на штипската  „Пастрамјалијада“. Новина е што годинава пастрамајлијата на штандовите ќе се продава поскапо за 30 денари или цената ќе биде унифицирана и ќе изнесува 150 денари, а причината е да се задржи препознатливиот вкус на овој гурмански бренд.

–Ние како организација Општина  Штип и со угостителите како партнери сакаме да го заштитиме брендот со нормирани продукти значи 250 грама тесто и 160 грама месо да содржи главната состојка на пастрмалијата и да се продава по унифицирана цена од 150 денари, вели Кирил Панајотов вработен во Општина Штип.

На крстосницата „Дујле“ денеска се монтира и сцената, каде што ќе настапат македонски и балкански музички ѕвезди и групи. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека за оваа манифестација е предвиден и посебен сообраќаен режим, со цел да не се создадат низа проблеми низ улиците.

–Пред се овде зборувам за режимот на сообраќај, за безбедносниот режим, за се она што е во делот на здравството и токму затоа и со полицијата и со секторот за внатрешни работи Штип, здравствениот дом и итната медицинска помош, двете јавни претрпијатија, територијалната противпожарна единица и сообраќајните инспектори од градот, направивме состанок на кој што веќе ги привршуваме овие координации во делот на Пастрмалијадата, вели Бочварски.

Инаку во градот ќе се влегува од трите страни, а полиција и редари од јавните претприајтија ќе ги насочуваат возилата, каде да се паркираат. „Пастрамајлијада“ почнува и официјално во петок, каде што освен забава на штандовите ќе се продававаат и пастрамајлии.