Македонија
20. April 2019 - 19:35

Штипските таксисти бараат заштите од нелојалната конкуренција

Најмалку 30 % од такси превозот во градот Штип го вршат не лиценцирани таксисти, тврдат од штипското здружение на такси превозници.  Не лојалната конкуренција е резултат на несоодветните законски решенија и не ефектуирањето на мерките од инспекциските контроли.

Нашите закони се такви што кога се влезе низ тие судски лавиринти, многу тешко се доаѓа до решение. Се укина Законот за (трајно) одземање на возила и веднаш се „осоколија“ дивите таксисти, така што тешко ќе дојдеме до брзо решение без соодветни закони и малку по храбар настап од сите институции-изјави ГЛИГОР АРСОВ, „ЗДРУЖЕНИЕ НА ТАКСИСТИ-2003“-ШТИП

Легалните превозници мора да одговорат не секој повик, што ги става во незавидна позиција, ако се земе впредвид дека во изминатиот период токму тие се цел на физички напади и грабежи, од страна на вандали.

Не се чувствуваат безбедни. Ние како легални компании не може да ги бираме патниците, значи одиме секаде, на секој повик, додека овој дивиот, во наводници, може да бира, ако сака го вози, ако сака не го вози-додаде Арсов

Бројот на лиценци според потребите на градот е ограничен на 250. За да се воведе во такси превозот од здружението велат дека е најдобро воведување на општински автобуски линии.