Loading Video...
Фудбал
13. јуни 2019 - 16:17

Штипските општинари ги продаваат акциите во ФК Брегалница

Штипските советници едногласно донесоа одлука, 51 % од акциите на ФК Брегалница, да одат на продажба. Досега клубот го менаџираше општината, а само за една полу сезона за натпреварување во втората лига беа издвоени близу 200 000 евра, што претставува голем товар за локалниот буџет. Доколку се јави заинтересиран спонзор, средствата двојно ќе се намалат. 
 
„Скалесто е наведено во договорот, дека доколку влезе во првата лига, средствата и на општината ќе се зголемат, но доколку излезе од втората лига или се намали рангот на натпреварување, општината не е должна да финансира“, изјави Благој Бочварски, градоначалникот на Штип
 
Општината ќе го одржува фудбалскиот стадион, а идниот сопственик во следните 10 години ќе има обврска да инвестира во постоечката спортската инфраструктура во градот и во изградба на нови терени. Во случај на раскинување на договорот, акциите треба да ги понуди на продажба на општината, а доколку општината реши да ги продаде и останатите 49 % е должна да ги понуди прво на сопственикот