Бизнис
21. December 2015 - 20:06

Штипските компании подготвени за гасификација

Штип наскоро ќе се приклучи и ќе стане дел од глобалниот проект на Владата за конекција на Македонија кон гасоводната мрежа. Ефтиниот енергенс земјава ќе ја стави на светската карта, чија економија ќе доживее уште поголем раст, а локално отвара поголеми перпсективи, беше речено на прес конференцијата организирана кај самата гасоводна траса.

Во првата фаза, сите јавни инситуции кои се под надлежност на општината ќе бидат приклучени на новата гасоводна мрежа, со што значително ќе се намалат трожоците за греење, а со тоа ќе се отворат нови можности за заштеда и дополнителни инвестиции за локалната инфраструктура-изјави Дејан Ивановски, координатор на ОК на ВМРО Дпмне-Штип

Компаниите во склоп на комплексот на поранешниот ТК „Македонка“ се целосно подготвени да го примат гасот, ТИР зоната е во фаза на подготовка, а во следниот период ќе се работи природниот енергенс да биде достапен и до секое домаќинство.

Битно е дека ќе имаме големи заштеди, битно е дека ќе имаме енергија во секое време и битно е дека ќе го зачуваме здравјето на анселението.- изјави Илчо Захариев, градоначалник на Штип

Гасоводната траса во должина од 61 километар, од Клечовце до Штип, е речиси готова и е на само 1 и пол километар од градот.