Македонија
11. August 2022 - 12:18

Штипските ЈП ќе се подноват со нова механизација

Двете штипски јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион“ ќе се подноват со нова механизација. Штипските советници донесоа одлука за купување на градежна и друга опрема на лизинг. Градоначалникот, Иван Јорданов појасни дека посточекиот возен парк на претпријатијата е стар и дотрајан, па на овој начин се штеди на време и ресурси. Исто така, досегашната пракса за изнајмување на машини од приватни фирми ќе биде минато.

- Со оваа постапка ќе ги замениме старите дотрајани машини и старата механизација со нови и ќе ги намалиме трошоците коишто во минатото ги имало ЈП „Исар“ и општината, со рентање и изнајмување на машини од страна на приватни копмании. Постапката ќе биде спроведена со цел да се зголеми продуктивноста и ефикасноста во работењето на јавните претпријатија во секојдневните сервисирања на обврските кон граѓаните, изјави Иван Јоранов, градоначалник на Штип.

Финансиските средства ќе бидат дополнително одредени, кога ќе биде објавен јавен тендер и компаниите ќе ги достават понудите. Планирана е набавка на неколку типови багери и еден камион.