Штипскиот универзитет слави девет години од своето постоење
Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип од денеска почна со одбележување на „Девет години УГД“. Во ректоратот на универзитетот денеска свечено беа промовирани четворица доктори на науки и се промовираше Каталог на изданија на УГД.
Стојанче Мијалковски, Тодор Чекеровски и Ахродита Зенделска се новите доктори на науки на Факултетот за Природно-Технички науки , а Доне Стојанов од Факултетот за Информатика на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Универитетската професорка Лилјана Колева-Гудева вели дека седма година по ред го промовираат Каталогот на изданија на УГД.
- Каталогот на изданија ги содржи сите публикации, кои што сме ги публикувале од еден до друг патронен празник. Во него се содржани околу 170 изданија од кои 120 се учебници и учебни помагала, кои се депонирани во електронската библиотека на универзитетот „Гоце Делчев“. Учебниците и учебните помага се наменети за студентите, бидејќи тие се во центарот на овој универзитет, вели Колева-Гудева.
Одбележувањето на „Девет години УГД“ ќе продолжи и утре со свечена седница на универзитетскиот Сенат, а во недела ќе се одржи и Велосипедска трка, во која што ќе учествуваат професионални велосипедисти од повеќе градови во земјава, но и студенти.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација