Штипскиот универзитет го објави конкурсот за упис на студенти во прва година
Објавен е конкурсот за уписи на студенти во прва година за академската 2016/2017 година на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Проректорот за развој и инвестиции на УГД-Штип, Кирил Барбареев денеска истакна дека на 12-те факултети и три академии на Штипскиот универзитет има слободни места за 5.238 студенти, од кои 3.335 се во државната квота, 1.008 во квотата со кофинансирање и 895 места се за вонредните студенти.
- Поголем дел од студиските програми кои изминатиот период беа на повеќе локации, беа во концептот на дисперзираните студии. Еден голем дел од општествените и хуманистичките науки ќе бидат стационирани во Штип. Станува збор пред се за Правниот, Економскиот, Филолошкиот факултет, Факултетот за образовни науки, за трите академии, чии базични студиски програми ќе бидат овде, рече Барбареев.
Новина е што годинава студентите кои ќе сакаат да студираат на Факултетот за информатика е што наставата ќе можат да ја следат на англиски јазик. Првиот уписен рок на факултетите и академиите на универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип се на 15,16 и 17 август.
Барбареев истакна дека сите заинтересирани матуранти можат да дојдат на факултетите или преку веб-страницата можат да се информираат за студиските програми и условите за студирање. Во текот на оваа година Штипскиот универзитет ќе инвестира и во нови лаборатории и простор за практична настава за факултетите од областа на општествените и хуманистички науки.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка