Македонија
6. February 2017 - 15:17

Штипскиот Совет на млади ќе изготвува стратегија за подобар живот на младите

Советот на млади на Општина Штип на денешната седница одлучи да изготви стратегија, со која ќе се подобри животот на младите. Претседателката на Советот на млади на Општина Штип, Сања Стефанова вели дека во подготовката на стратегија ќе бидат вклучени сите млади во општината. Во наредниот период ќе биде објавен јавен повик и сите млади луѓе ќе можат да ги достават своите идеи. Во стратегијата посебно внимание ќе се сврти на образованието, културата, но и на неформалното образоание.

- Иницијативата е произлезена од младите, а во подготовката на стратегијата ќе им дадеме можност на сите заинтересирани лица од 16 до 29 години, со цел да се дефинираат клучните фази за развој како Општина Штип треба во иднина да дејствува и да им помогне на младите и да ги застапува нивните интереси, вели Стефанова.

Таа на денешната седница истакна дека еден од најзначајните проекти кои се реализраше минатата година е едукација на младите за отпочнување на сопствен бизнис, како и изучување на бизнис англиски јазик, со цел да можат полсено да аплицираат за работни места, кои ги нудат компаниите.