Македонија
8. May 2019 - 15:48

Штипскиот градоначалник во посета на збратимениот град Сплит

Соработката меѓу збратимените Сплит и Штип се зајакнува, ова е договорено на средбата на штипскиот и сплитскиот градоначалник, на прославата на патронот на Сплит, „Свети Дуе“.  Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски е во дводневна посета на Сплит, од каде што најави дека веќе е договорена соработка на неколку полиња.

–Веќе остваривме контакти на ниво на кабинети на Штип и Сплит во делот на културата ние имаме фестивал „Макфест“ , а тие го имаат сплитскиот фестивал, во делот на економијата и во делот на искуствата на добивање на европски проекти и поддршка, рече Бочварски.

Сепак, интересот на Штип , не се ограничува само на Сплит. Бочварски посетата ја користи и за средба со други градоначалници, кои се дел од прославата во Сплит.

–Ние како општина сме претставени добро и остваруваме контакти и со други градоначалници од Полска, Чешка и Германија кои се овде и верувам дека после 30 години ова пријателство  ќе го надоградуваме, изјави Благој Бочварски градоначалник на Штип.

Општините Сплит и Штип договор за збратимување имаат потпишано  во 1980 година.Ова е прв обид после подолг период соработката да се подигне на повисоко ниво.