Македонија
14. јуни 2021 - 12:48

Штипскиот архив ќе ги дигитализира вредните документи

Потпишано свидетелство од Гоце Делчев, документи од матичната служба на штипско Ново Село и од најстарото занаетиско здружение, се дел од богата архивска документација која се чува во депото на Архивот во Штип. За да бидат поблиску до јавноста, од сега, дел од архивска граѓа е во постојaна изложбена постановка, на 10 паноа од различни временски периоди

- Најстар документ имаме од матичната книга на родените од 1869 година од штипско Ново Село, од црквата Успение на пресвета Богородица- изјави Дончо Трајков, Архив-Штип

Во депото, на одредена температура и влажност на воздухот се чуваат 674 фондови, со 10 000 архивски кутии и околу 4000 книги. Но, освен евиденција и заштита на архивски материјал, Архивот има и активна функција во комуникација со граѓаните.

- Даваме стручна помош. Имаме одделение за инспекциски надзор кое води исклучителна грижа за документите на теренот. Повеќето странки се заинтересирани од доменот на имотно-правните односи, работни стажови, квалификации итн- додаде Трајков

За полесна обработка и манипулација, штипскиот Архив ќе биде едно од трите одделенија, заедно со Градски Архив-Скопје и прилепското одделение, коj ќе започне со дигитализација на архивскиот материјал, што претежно го чини документација од повоениот период, односно, од 1945 година до денес