Македонија
6. August 2018 - 14:51

Штипски „Стипион“ работи на нови улици и тротоари

Штипското јавно претпријатие „Стипион“ работи на поврзување крак од улицата „Сане Ѓеоргиев“. Директорот на ЈП„ Стипион“-Штип Сашко Протогеров на денешната прес-конференција вели дека станува збор за крак кој ќе поврзи неколку куќи со улицата, а вредноста на овој проект е 63.000 денари.

- Во моментов работиме и на изградба на тротоарот кон Клиничка болница-Штип на улицата „Тодор Коларов“. Исто така работиме и на доизградба на малиот плоштад во центарот на градот и на реконструкција на детското игралиште во населбата Леваци, вели Протогеров.

Тој денеска најави дека веќе во тек се и тендерските постапки за целосна реконструкција на улиците „Петта партиска“, „Ѓорче Петров“ во населбата Сењак.