Штипски пожарникари спремни да заминат во Турција, со вториот македонски конвој
Петмина штипски пожарникари од утринава се спремни за да заминат со вториот македонски конвој кон настрадните места по земјотресот во Турција. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека за три часа биле спремни, откако го добиле повикот од Дирекцијата за заштита и спасување.
-Чекаме наредба од Дирекцијата за зашита и спасување кога ќе тргниме, а за враќање не се знае, се зависи од ситуцијата каде што ќе одиме, за да помогнеме на настрадното население во Турција, вели Коцев.
Опремата за спасување и извлекување на луѓе под урнатините на зградите во градовите кои беа погодени од катастрофалниот земјотрес веќе е во специјализираното возило и само се чека повикот, кога штипските пожарникари во текот на денот ќе тргнат со спасувачи и пожарникари, кои ги координира Дирекцијата за заштита и спасување. Коцев посочи дека на останатите пожарникари им се дадени задачи за да ја извршуваат работата на терен и при можни пожари во општините Штип и Карбинци.
Ново на Сител
-
Врати се Меси
-
Навивач на ПСВ 40 години ќе гледа фудбал само на ТВ
-
Претрес во Скопје, пронајден килограм марихуана, приведен дилер | ФОТО
-
На 31 март, во МОБ: Петар Пан – балетска претстава за деца
-
Собранието донесе повеќе закони од различни области
-
Ахмети повторно запеа, овој пат во дует со косовскиот пејач Илир Шаќири | ВИДЕО
-
Дачиќ: Србија во Охрид успеа да ги заштити своите национални интереси
-
Во земјотресите во Турција загинаа над 50 илјади луѓе