Штипски „Исар“ го уредува коритото и гради езерце на реката Отиња
Штипското комунално јавно претпријатие „Исар“ интензивно го уредува речното корито на Отиња, од зградата на СВР-Штип до Основниот и Апелациски суд во Штип.
Директорот на ЈП „Исар“-Штип Ангел Бојаџиев на денешната прес-конференција изјави дека вработените се вклучени во хортикултурно уредување на патеките од двете страни на коритото.
- Денеска посадивме цвеќиња, ги направивме и украсните кругови, а исто така работиме и на минор коритото и на езерцето, кое се наоѓа пред зградата на ЈП „Исар“. Овде ќе има и бунар за регулирање на водотекот во сушниот период, но исто така целиот простор ќе биде уреден и со урбана опрема, рече Бојаџиев.
Изградбата на езерцето со каскади ќе овозможи и регулација на водата во реката Отиња, а целосната изградба се очекува да заврши за десетина дена.
Бојаџиев најави дека откако екипте на „Исар“ ќе завршат со уредувањето на коритото во овој дел, со градежните работи ќе продолжат и на потегот од мостот кај Трговскиот центар до мостот кај Стопанска банка. За потребите околу уредувањето на Отиња се користи и механизацијата од возниот парк на Јавното комунално претпријатие „Исар“.
Ново на Сител
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска