Македонија
11. February 2019 - 16:35

Штипската болница со сопствени средства набави нов апарат за анестезија

Штипската клиничка болница со сопствени средства од близу 40 000 евра, набави нов софистициран апарат за анестезија за хируршкото одделение. Како регионален здравствен центар се повеќе се зголемува бројот на операции, а застарената и недоволната апаратура беше проблем да им се излезе во пресрет на пациентите.

- Делумно ќе го ублажиме овој проблем кој што го имавме и со апаратура и со ново примениот анестезиолог, сметам дека, оваа година ќе ја зголемиме бројката на интервенции, како би функционирале подобро од лани- изјави АЛЕН ГЕОРГИЕЈЕВ, ДИРЕКТОР НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА-ШТИП

Досега се вршеа и по 1000 операции годишно, но само во една хируршка сала, а пациентите чекаа по неколку месеци.

- Со набавувањето на овој апарат и со повторно пуштање во употреба на втората операциона сала, сметаме дека ќе го намалиме времето на чекање на пациентите за операција-изјави Д-Р ДИМЧЕ ПАРИЗОВ, РАКОВОДИТЕЛ НА РЕ ХИРУРГИЈА

Најважно е, велат лекарите дека, безбедноста на пациентите сега ќе биде на едно многу повисоко ниво.