Македонија
11. July 2018 - 16:23

Штипската болница со нова опрема за коронарна интервенција ќе ја намали листата за чекање на пациентите

Со 10 монитори, за исто толку пациенти кои се хоспитализираат после коронарна интервенција, за 24 часовен мониторинг на срцевата работа е опремено ангиографското одделение при штипската клиничка болница. Новата медицинска опрема содржи и 5 машини-перфузори за автоматско подесување на потребната концентрација на лекот во милилитри на час, за интравенозно внесување во организмот на пациентот, како и два комбинирани перфузори и инфузомати.

Со овие нови апарати кои што ги доби Клиничка болница-Штип, можеме да кажаме дека го достигнуваме врвот во македонската кардиологија, односно, во јавното  здравство веќе сме конкурентни и ја следиме во чекор државната кардиологија, изјави Д-р Сашо Николов, кардиолог-штипска клиничка болница

На кардиологија месечно се работат од 80 до 85 стентирања и дополнителни 40-тина пациенти од Истокот, кои доаѓаат со акутен миокарден инфаркт.

Имаме брза дијагностика на акутниот инфаркт, брзо се транспортираат до нашиот центар каде овде ги чека подготвена екипа за во ангио сала и се работат истиот момент, додаде д-р Николов

Бројот на пациентите на листата на чекање е драстично намален, а континуирано се закажуваат нови пациенти за интервенција.