Штипската библиотека одбележува 70 години од постоењето
Националната установа Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип денеска додели признанија на основните и средни училишта во Штип и Карбинци во рамките на манифестацијата „Од читалиште до библиотека“, која е дел од прославата 70 години од постоењето на библиотеката.
Директорката на НУУБ „Гоце Делчев“, Милена Ристова-Михајловска истакна дека со оваа манифестација сакаат да им одадат признание на учениците и наставниците кои учествуваат во сите проектни активности на библиотеката.
- Во текот на 2016 година реализиравме голем број проекти поддржани од Министерството за култура, а покрај тоа уште стотина афирмативни активности со цел доближување на книгата на сите групи на читатели, вели Ристова-Михајловска.
Советникот за оштествени дејности во Општина Штип, Кирил Панајотов рече дека 70 години од постоењето на библиотеката е јубилеј достоен за почит.
- Во оваа прилика се потсетуваме и на почетоците на библиотекарството во Штип, зборуваме за првото читалиште, кое во 1862 година Штип го добива во рамките на своето неделно училиште, а потоа прераснувајќи и создавајќи услови за присуството на книгата во нашиот град, вели Панајотов.
Директорката на НУУБ „Гоце Делчев“ посебно признание за придонесот во развојот на библиотечната дејност му додели на Трајче Пиков, кој е еден од првите директори на библиотека. На негова иницијатива е изграден сегашниот објект, каде што е сместена библиотеката.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар