Штипската администрација ќе добие зголемен бод за пет отсто на платите
Вработените во штипската локална самоуправа ќе добијат покачување на бодот за пет отсто, врз основа на што ќе им се пресметува платата.
Предлог-одлуката за измена на одлуката за утврдување на вредноста на бодот за платите за државни служби за 2019 година денеска ја разгледуваа советниците од Комисиите за статус и прописи и финансии при Советот на Општина Штип.
Трајче Цветков, раководител на Одделението за финансии во Општина Штип, појасни дека со одлуката ќе бидат опфатени околу 160 вработени во штипската локална администрација. До крајот на август вредноста на бодот за нив ќе изнесува 77,24 денари, додека од септември ова авредност се покачува за пет отсто и ќе биде 81, 10 денари.
Тоа не значи дека администрацијата ќе зема повисока плата. Наместо на нивните сметки , разликата од пет отсто повторно ќе оди на сметките на Фондовите за здравство и пензиско и инавлидско осигурување.
– Придонесите за здравствено и социјално осигурување се зголемени и со покачувањето на бруто платата, всушност, се овозможува задржување на платите во нето делот на исто ниво, рече Цветков.
Од буџетот на Општината за плати се издвојуваат 389 милиони денари, а со покачувањето од пет отсто, оваа ставка во буџетот ќе изнесува 408,5 милиони денари.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана