Македонија
18. July 2018 - 14:27

Штипјанка преку Фејсбук нудела работа во Германија, еве кој наседнал на нејзината измама и за колку пари

Вчера, С.М.(22) и Ф.Ф.(21) од Тетово пријавиле измама од женско лице од Штип, со кое се запознале преку социјалната мрежа „Фејсбук“ во март годинава и кое им ветило дека ќе им обезбеди тримесечна работа во Германија.

При тоа од нив било побарано да уплатат по 2.700 денари и уште по 12.300 денари за договорите за работа, а авионските билети сами да ги купат.

Пријавителите аплицирале и ги уплатиле средствата, откако наводно им биле одобрени апликациите, но непосредно пред да заминат во Германија, на 11-ти минатиот месец од пријавената добиле СМС-порака дека не ќе можат да заминат, а потоа не им се јавувала повеќе, ниту им ги вратила уплатените средства.

Се работи на целосно расчистување на случајот.