Штипјани дишат најчист возудх и во зима и во лето
Според мерните станици на Лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“ најчист воздух во државата дишат штипјани, но за тоа најголемо влинание има природната конфигурација на теренот и постојаниот ветер.
Лабараторијата АМБИКОН мерни станици има поставено и во Струмица, Скопје, Кавадарци, најновата е во Прилеп, а се подготвуваат ваква станица да постават и во Берово. Резултатите, кои ги користат за научни цели, но и за потребите на локалните власти, како и на државно ниво се идентични како и на оние што ги покажуваат инструментите на Министерството за животна средина. Разликата е во тоа што мерните инструменти самите ги направиле.
-Бројките што ги гледате на станиците се моментални бројки или часовни просеци и тие не се просекот, којшто вие реално го имате за 24 часа. Највисокиот минатата недела беше околу 600 за 24 часовен период, што е многу високо загадување, на новата станица во Прилеп. Таа станица е во фаза на калибрација, таа станица е оптичка и се прилагодува на специфичните услови. Во моментов станицата е со општ фактор, за општ вид на прашина, иако очигледно ќе има одредено прилагодување, затоа што сега треба гравиметриски да ги измереме со референтна метода на приближна, блиска локација, па да се калибрира станицата, иако бројките дефинитивно беа високи, највисоки во Прилеп, а не беа подобри и во Кавадарци, Струмица, Скопје, вели Мираковски.
Греењето на дрва е причината број еден за загадувањето на воздухот во котлинските градови во земјава. Научниците од лабаторијата АМБИКОН имале и истражување со волонтери во неколку градови, кои со себе ги носеле мерните инструменти. Кај нив просечната изложеност на загаден воздух била под дозволените граници.
Мираковски забележува дека воздухот што го дишеме дома и на работа има помалку опасни ПМ честички од оној што го дишеме надвор, а големи резултати даваат и прочистувачите на воздух. Сите истражувања и студии во кои учествувале досега покажуваат дека домаќинствата со 90 отсто, се главниот виновник за високите концетрации на ПМ честички во воздухот. Решение, вели, е промена на начинот на греење.
Забележува дека добро е што има мерки за субвенционирање за промена на начинот на греење на македонските домаќинства, конкретно од дрва на пелети. Но, поголемите инвестиции во гасификација, како и опфаќајќи поголем број на граѓани со субвенциите се решенијата, коишто за неколку години ќе се исплатат.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж