Македонија
20. January 2019 - 11:10

Штипјанец тешко повреден, со автомобил излетал од коловозот

На 19.01.2019 година во 16:45 часот на магистралниот пат Кочани-Штип, на влез во село Долни Балван, В.Д.(56) од Штип, управувајќи патничко возило „Форд Фокус“ со штипски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во сообраќаен знак.

Од ударот возачот В.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болнца Штип.

Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.