Македонија
12. September 2018 - 16:57

Штипјанец со лажна диплома напредувал во кариерата вО ЈП „Стипион 2011“

Со фалсификувана диплома до повисоко работно место. На овој начин 51 годишниот штипјанец со иницијали Г.Д. напредувал во својата работна кариера во ЈП „Стипион 2011“ во Штип. По откривање на измамата, СВР-Штип му поднесе кривична пријава за „употреба на исправа со невистинита содржина“. Во текот на 2016 година, пријавениот набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, соседна Србија.

- Го приложил за добивање на решение за работа на повисоко работно место, за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место, контролор во сообраќај во Одделението за платени паркинзи.

За стореното кривично дело, според член 380 од кривичниот законик, на фалсификаторот му се предвидува парична казна или затвор до 3 години.