Македонија
20. јуни 2018 - 14:57

Штипјанец се бори за живот, со автомобил удрил во потпорен ѕид

Вчера во 19.00 часот на регионалниот пат с.Софилари-Штип, патничко возило „Рено Твинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(65) од Штип, излетало надвор од коловозот и удрилo во потпорен ѕид.
 
Од ударот возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Штип,каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
 
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.