Македонија
9. November 2017 - 13:53

Штипјанец изгубил контрола над возилото и удрил во карпа, двајца повредени

Вчера околу  13,30  часот на автопатот Скопје- Велес се случила сообраќајна незгода во која М.Н. (67) од Штип управувавајќи патничко возило „Санјонг“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во карпа. 

По ударот, возилото излетало од патот. Во несреќата М.Н. се здобил со телесни повреди а неговата сопатничка Н.Н. (62) се здобила со тешки телесни повреди.

Двајцата со возило на итната медицинска помош се префлени во Ургентниот центар во Скопје каде им е укажана лекарска помош.