Македонија
12. March 2016 - 16:07

Штип се подготвува за нови поплави

По најавите на метеоролозите за нови врмнежи од дожд во попладневните часови, Штип се подготвува за можни поплави.

Критично е долж течението на Брегалница, па вработените од јавните претрпјатија, армијата и пожарникарите на критичните места прават насипи со вреќи наполнети со песок, со цел да се заштитат куќите.

Водопстојот на реката и во моментот е доста висок, а најголема опасност има за загадување на бунарите од каде градот се снабдува со вода за пиење.

-Поставивме околу 600 вреќи околу бунарите од кои се црпи водата од реката Брегалница. Меѓутоа со надоаѓањето на поголеми колични на вода, а како што и самите ја следите ќе видиме каква ќе биде состојбата, а како што сами знаете со природата не можеме да се бориме,изјави  Ангел Бојаџиев , директор на ЈП „Исар“-Штип.

Ако дојде до евентуално излевање на реката во бунарскиот систем, градот со вода ќе се снабдува со цистерни.

Исто така се интервенира и околу коритото на р. Отиња и бањата Кежовица. Од друга страна сеуште е на сила забраната за движење на возила по магистралниот пат од село Исти бање до Македонска Каменица, поради одрони од камења, кои во моментот се исчистени, но поради новите врнежи, сообраќајницата е затворена од безбедносни причини.