Македонија
24. August 2020 - 17:34

Штип нема ниту еден позитивен случај на Ковид 19

 Штип за првпат по речиси четири месеци не се најде во здравствениот билтен, во кој се информира за бројот на заразени со коронавирусот. Во моментов активни се  258 случаи, а досега од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 1108 случаи.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА истакна дека на Инфектовното одделение се хоспитализирани вкупно 38 пациенти, од кои 30 се позитивни, а осум се сомнителни и се чекаат нивните резултати од брисевите.

Документацијата за поставување на монтажната болница за Ковид 19 е доставена до Министерството за здрсвство и се чекаат наскоро да почнат и градежните активности.