Македонија
27. May 2018 - 16:24

Штип има стационар, но кучињата скитници се на улица

Kучињата скитници се уште се рак рана за штипската локална самоуправа, а потенцијална опасност за граѓаните. Стационарот за привремено сместување на кучињата скитници е речиси целосно изграден, но се чека одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство, која треба да даде мислење за исполнување на критериумите. Во меѓувреме граѓаните со страв се движат по улиците, а најповеќе стравуваат за децата.
 
- Децата од училиште не смееме да ги оставаме сами да доаѓаат, мораме да ги пречекуваме. Се плашат од нив. Мислам дека е крајно време да се преземат мерки против тие скитници.
 
- Има доста кучиња. Страшно е и за децата и за нас
 
- Дека нивните стравувања се оправдани потврдува и статистиката на итната медицинска помош во Штип, според чии податоци, се поголем број граѓани побарале медицинска помош заради каснување од куче.
 
- Кучињата доста се агресивни во последно време, така што и ние во нашите служби имаме често интервенции во тој поглед. Случајни минувачи, како што се движеле по улица биле нападнати од група кучиња, така што, луѓето се многу исплашени -изјави Д-Р ЈУСЕИН ОСМАНОВ, ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ – ШТИП
 
Кучињата скитници се и преносители на заразни болести, токму поради фактот што не се вакцинираат.
 
- Приметливо е дека имаме кучиња во последно време и од таа група, народно што би се рекло шугави кучиња, така што самата популација мора да биде многу претпазлива-додаде д-р Османов
 
Токму од овие причини, кога ќе проработи стационарот, ќе се бара и ветеринарна станица која ќе се грижи за здравствената состојба на кучињата.