Македонија
29. July 2016 - 19:40

Штип добива спортски и културни објекти, општината ќе гради и плоштад „Макфест“

Штип добива низа нови спортски и културни објекти. Мултимедијалниот центар креатива, нови тениски терени, спортски сали, фитнес зони. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кој беше во обиколка на Штип посети дел од нив.

Во разговор со Градоначалникот и администрацијата на првиот човек на владејачката партија му беше пренесено дека општината планира и изградба на плоштад Макфест.

Груевски изврши увид и во градежните активности за изградба на двоен тениски терен чија вредност достигнува 12 милиони денари.

Првиот човек на штип, илчо захариев го информораше груевски дека општината во минатите 3 години изградила 16 спортски објекти.

Груевски при денешната посета на штипскиот регион присуствуваше и на одбележувањето на крајот од првата фаза на гасоводот од Клечовце до Штип.