Македонија
18. October 2021 - 12:40

Штип доби нов градоначалник

Иван Јорданов, кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ е новиот градоначалник на Штип. Со огномет и блех оркестар синоќа на плоштадот „Слобода“ приврзаниците и симптизерите на партијата ја славеа изборната победа. Според официјалните податоци од ДИК, за Јорданов се изјасниле  54, 6 % од граѓаните кои излегле на избори или 12 400 освоени гласови, што е за 3800 гласови повеќе од неговиот против кандидат од СДСМ и досегашен градоначалник Сашко Николов.

Ова е предност која ја дадоа нашите сограѓани и ова е нивна победа, ова е нивна предност. Затоа имаме обврска кон нашите сограѓани да вложиме повеќе енергија и сето она кое што сме го ветиле да го направиме, да бидеме нивен сервис- изјави Иван Јордан, нов градоначалник на Штип.

Советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалициските пратнери ја доби довербата од 48,6 % од глсачите, што значи дека ќе имаат мнозинство во идниот состав на Советот на општината.