Бизнис
17. January 2017 - 16:15

Штетите од ниските темпeрaтури во земјоделството ќе се знаат напролет

Штетите од студениот бран кој ја зафати земјава ќе се знаат  на пролет. Според досегашните анализи снегот позитивно делува на житните култури.

До сега, нема  серизони штети кај овошките.. Но точните проценки ќе се знаат за неколку месеци.

Надлежните се надеваат дека нема да има последици од топењето на снегот. Поучени од претходните години постојано се чистат каналите и речните корита.

Костадиновски најави 140 милиони евра инвестиции во земјоделството. Ќе се гради браната Конско од која планирано е да се полни Дојранско езеро, изградба на браната Речани на Оризарска река и браната Равен Речица во Полошкиот регион. Паралелно ќе се реализираат и другите предвидени проекти во програмата  од 2015 до 2025 .