Македонија
6. May 2018 - 14:11

Штети од град кај лозјата и овошките во селата Паликура и Курија

- Синоќешниот град што го зафати Тиквешкиот регион предизвика штети кај лозовите и овошните насади во селата Паликура и Курија.

- Оштетени се околу 50 хектари лозови и овошни насади. Се препорачува на лозарите после градот да ги третираат лозјата со бакарни средства со цел да се излечат раните врз ластарите во лозјата, рече за МИА Драган Николов, советник во подрачната единица на агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Николов вели дека штетите дополнително ќе се утврдуваат и потсетува дека сеуште важи мерката со која државата му помага на земјоделците и плаќа 60 отсто при осигурување на имотите.

- Лозарите кои немаат прва заштита да го направат тоа со системска заштита бидејќи со последните врнежи ќе се придонесе за појава на знаци на болеста пламеница кај лозјата, советува Николов.