Свет
3. November 2016 - 14:49

Штајнмајер: Изборите во САД може да предизвикаат вакуум во решавањето на кризата во Сирија

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер денеска изрази загриженост оти промената на претседателот на САД по изборите, може да предизвика вакуум во решевањето на сириската криза.

- Неопходно е да се спречи појавата на вакуум поради претстојните промени во американската Администрација, истакна Штајнмајер.

Како што јави ТАСС, тој додаде дека итно е потребен „нов поттик за разговорите меѓу Москва и Вашингтон, како и меѓу меѓународните парнетир“.