Свет
23. July 2016 - 8:39

Штајнмајер: Безбедносните сили прават се што можат за да спасат животи

Со ужас ги следиме вестите што доаѓаат од Минхен и иако се уште ги немаме сите инфорамции за поздината на овој страшен акт, јасно е дека ќе тагуваме по загинатите и многуте повредени. Нашите мисли вечерва се со семејствата и блиските на жртвите, порача доцна синоќа германскиот шеф на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според писмената изјава на Штајнмајер, безбедносните сили во Минхен ноќва прават се што е во нивна моќ за да ги спасат животите на луѓето во опасност и да превенираат понатамошна опасност.

- Германија вечерва од целиот свет доби изрази на сочувство и поддршка, вели Штајнмаер, според кого, добро е во вакти тешки времиња да се знае дека европските и другите меѓународни пријатели на земјата се на иста страна.