-->
-->
Штајнмаер под силни критики поради планот да ја посети Саудиска Арабија
-->
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ги вознемири партиите и пратениците во Бундестагот поради најавата да присуствува на фестивал на културата во Саудиска Арабија, тврди весникот Ди Велт.
Весникот пренесува дека меѓу незадоволните од планот на Штајнмаер да го посети градот Јандриах кој се наоѓа на 42 километри од Ријад е и шефот на комисијата за надворешна политика во германскиот парламент Норберт Ротген кој смета дека посетата на фестивал во време кога во Саудиска Арабија се случуваат масовни егзекуции е грешка.
Против планот на Штајнмаер е и заменик претседавачот на ЦДУ на канцеларката Меркел, Армин Лашет.
"Во светлината на неодамнешните масовни убиства и нарушувања на човековите права министерот Штајнмаер треба да се воздржи од учество на забавен фестивал заедно со властите во Ријад“, вели Лашет. Против планот на Штајнмаер е и левичарската партија „Ди Линке“ а голем број други политичари одбиваат јавно да го кажат својот став за посетата која што е потврдена од германскиот амбасадор во Ријад.
Властите во Саудиска Арабија неодамна извршија јавно погубување на 47 граѓани меѓу нив шиитскиот клерик шеикот Нимр ал - Нимр. Егзекуцијата предизвика протести од шиитските политички и религиозни лидери кои што кулминираа со напад на саудиската амбасада во Техеран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација