Свет
12. February 2017 - 21:52

Штајнмаер е подготвен на разговори со Трамп

Новоизбраниот германски претседател Франк-Валтер Штајнмаер е отворен за разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ДПА.

За време на предизборната кампања во САД, Штајнмаер, кој во тоа време беше германски министер за надворешни работи, го нарече Трамп „проповедник на омразата".

- Се разбира, човек треба да ги прифати можностите за разговори кога тие ќе му се претстават. Затоа, ние треба да видиме како ќе разговараме и работиме со американскиот претседател, рече Штајнмаер пред германската телевизија А Ер Де.