Штајнмаер: Добивме конкретни информации за нападот
Германија ја затвори својата Амбасада во Анкара, Генералниот конзулат во Истанбул, како и училиштата во тие два града, откако безбедносни служби добиле конкретни информации за можен непосреден напад, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.
- Нашите безбедносни власти синоќа примиле неколку конкретни и мошне сериозни информации дека се подготуваат терористички напади врз нашите германски претставништва во Турција, рече Штајнмаер.
Претходно Министерството за надворешни работи соопшти дека се затворени германската Амбасада во Анкара, Конзулатот во Истанбул и германските училишта поради опасност од „можен скор напад“.
Германија во вторникот ги предупреди сите свои државјани во Анкара на „напад кој може да се случи мошне брзо“.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори