Свет
30. August 2016 - 12:18

Штајнмаер: Брегзит ќе има долгорочни последици

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави денеска дека одлуката Велика Британија да ја напушти Европската Унија ќе има долгорочни последици, кои се уште е тешко да се проценат.

Тој порача дека на Велика Британија и ЕУ им требаат нови, правични и задолжителни правила за нивните идни односи.

Шефот на германската дипломатија, во обраќањето на собир на пред повеќе од 1.000 германски дипломати и претставници на бизнис круговите во Министерството за надворешни работи, изјави дека во интерес на Британија е набрзо да го почне процесот на истапување од Унијата, со оглед на економските ефекти од нејзината одлука, кои, како што рече, веќе стануваат очигледни.

Референдумот за излез на Британија од ЕУ беше одржан на 23 јуни, кога мнозинството Британци одлучија дека нивната земја треба да истапи од Унијата. Сепак, британската премиерка тереза Меј најави дека до крајот на годината не планира да го активира Членот 50, со кој почнува процедурата за излегување од ЕУ.