Македонија
16. April 2019 - 16:31

Штабот на Сиљановска обвинува за скандал „Големо око“, СДСМ со контра обвинувања

Преку апликација поставена на мобилните телефони, членови на СДСМ прибираат лични податоци, слики и друг документи, преку кои добиваат целосен увид во интернет активностите на сите граѓани, обвинуваат од тимот на кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова. Велат дека на овој начин СДСМ има целосен увид во приватниот живот на сите лица кои ја имаат спуштено оваа апликација. Целиот доказен материјал за ваквите обвинувања е доставен до ЈО, и оттаму бараат да се преземат итни мерки за спречување на уништување на доказите.   

Преку оваа апликација теренските активисти на СДСМ прибираат и складираат лични податоци на граѓани без нивна дозвола. Овие податоци спротивно на сите позитивни правни прописи се под контрола на партијата на власт и најверојатно се користат за други активности со цел да се влијае на гласањето, но и за други политички цели на власта. Според документите што ги добивме имаме сериозна загриженост дека се злоупотребуваат матични броеви на граѓани, се врши контрола на лични контакти и таканаречена геолокација односно следење движење на граѓани и на тој начин се вршат тешки злоупотреби во изборниот процес.

Од СДСМ пак ја обвинуваат Силјановска Давкова дека лажно зборува за правда, бидејќи била во опкружување на лица кои се осудени за изборни нерегуларности.

На јавно објавени фотографии, Сиљановска е во друштво Славица Ангелова од Кочани, осудена за поткуп при избори и гласање за локалните избори 2017 година. Ова е пресуда од Основниот суд во Кочани со која јасно се гледа дека Ангелова има правосилна пресуда и е осудена за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“. За каква правда зборува Сиљановска кога оди низ државата, се слика и бара поддршка од лица осудени за поткуп при изборите?