Шпилје и Глобочица произвеле 182 милиони квч елекрична енергија
ХЕЦ-ли „Шпилје“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, од почетокот на годинава до средината на април испорачале 182 милиони киловат часови електрична енергија.
Тоа е, како што велат надлежните во ЕЛЕМ, како резултат на поволната хидрологија на ова сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, како и навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашнската опрема.
- Во ХЕЦ„ Шпилје“ произведени се 109 милиони киловат часови електрична енергија, што е за девет насто повеќе од планот за овој период од годината. Со овој реазултат Шпилје веќе реализира околу 40 отсто проектираниот годишен план.Во ХЕЦ„Глобочица“ проивзедени се 73 милиони квч,што е согласно со годишниот план, велат во ЕЛЕМ.
Во акумулациите „Дебарско Езеро“ и „Глобочица“ има резерва на вода за производство на 32 односно над 25 милиони киловат часови електрична енергија.
Просечниот доток во акумулациите изнесува 54 метри кубни вода во секунда.
Двата значајни електронерегетски објекти, кои работат главно според потребите на системот лани произвеле вкупно 542 милиони квч, што се смета за една од порекордните години по произвдство.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година