Свет
6. February 2017 - 13:06

„Шпигел“ ја брани својата насловна страна со Доналд Трамп

Германскиот магазин „Шпигел“ застана во одбрани на насловната страна на своето последнио издание, каде претседателот на САД, Доналд Трамп е прикажан како со нож ја обезглавува Статуата на слободата, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според главниот и одговорен уредник на магазинот, насловната страна била реакција на „заканите против демократијата“, а според авторот на карикатурата Едел Родригез, таа претставува „обезглавување на демократијата“.

- „Шпигел“ не сака да провоцира никого. Ние сакаме да покажеме дека се работи за загрозување на демократијата, слободата на печатот и правдата. Значи ние ја браниме демократијата. Дали се ова серизни времиња? Да живееме во сериозно време, изјави главниот и оддговорен уредник на магазинот Клаус Бринкбаерумер.

На фотографијата објавена во последното издание на „Шпигел“ во саботата, покрај карикатурата на Трамп, кој во едната рака држи нож, а во другата главата на Статуата на слободата, стои и пораката „Америка прва“.

Дел од германските политичари, како Александар Ламбсдорф од Слободната демократска партија (ФДП), сметаат дека насловната на „Шпигел“ е „невкусна“.

За весникот „Велт“ насловната му штети на новинарството, а според „Фракфуртер Алгемајне Цајтунг“, тоа е она што му е потребно на Трамп, да ја извитопери сликата за него, за потоа да може да ја изврти сликата за медиумите.