Свет
8. August 2015 - 17:38

„Шпигел“: Двојно зголемени дозволите за извоз на оружје од Германија за арапски држави

Германскиот министер за економија Зигмар Габриел сакаше да го ограничи извозот на оружје од државата. Досега тоа не се случи туку напротив - вредноста на решенија дадени од него за извоз на оружје се зголемиле повеќе од двојно, објави Шпигел.

До крајот на јуни 2015 година има зголемување во бројот на лиценци за извоз на оружје во споредба со истиот период лани.

Вредноста на т.н. единечни дозволи е зголемена за околу 50 отсто со вредност од 3,31 милијарда евра. Како се добиваат лиценците за колективен извоз, главно во рамки на соработката со партнерите од НАТО, се добива сума од 6,35 милијарди евра.

Извозот за арапски држави и северна Африка, е зголемен двојно од 219 на 587 милиони евра.