Балкан
29. October 2016 - 12:33

„Шпигел“: Државите од ЕУ не и помагаат на Грција околу бегалците

Државите од ЕУ одбиваат да испратат во Грција свои експерти кои би им помагале на грчките власти во решавањето на барањата за доделување на бегалски статус на мигрантите, како што е предвидено со договорот со Турција за запирање на мигратнстиот статус, објави германскиот магазин „Шпигел“. 

Весникот, повикувајќи се на докумет на Европскиот совет, наведува дека причина за ваквиот став на европските земји е тоа што безбедносната ситуација на грчките острови, каде во моментов има над 15.000 мигранти, е „исклучително настабилна“. 

Тоа би можело да им создаде проблеми на припадниците на националните служби за азил, на европските агенции, како и на невладините организации, наведува весникот.

ЕУ сака Грција, со поддршка на европските служби, да решава по барањата за бегалски статус на мигрантите уште на островите и лицата кои нема да добијат азил да бидат вратени во Турција. 

Процедурата е во застој, бидејќи грчките власти се претрупани со барања во целиот процес, пишува „Шпигел“, нагласувјаќи го како пример случајот со острвот Лезбос, каде девет службеници работат на разгледување на барањата за азил на 6.000 бегалци.