Свет
22. December 2016 - 14:36

„Шпигел“: Амри пред нападот во Берлин сакал да биде бомбаш-самоубиец

Тунижанецот Анис Амри осомничен за нападот врз божиќен пазар во Берлин во понеделникот, пред неколку месеци им предлагал на исламистички групи да биде искористен како бомбаш-самоубиец, објави Шпигел.

Весникот цитира извори во специјалните служби, но тоа не било доволно за негово апсење.

Полицијата исто така има информации дека тој бил поврзан со германска ќелија на ИД разбиена пред неколку недели. Амри требало дабиде депортиран, но тоа не се случило поради немање координација меѓу германските и властите во Тунис.

Тунижанецот бил регистриран во камп за бегалци во Северна Рајна Вестфалија, но во последно време бил во Берлин.