Свет
2. November 2017 - 13:50

Шпанското обвинителство бара притвор за осум лица од каталонската влада

Обвинителството побара притвор за потпретседателот на владата на Каталонија, Ориол Жункерас, и уште седум други лица кои денеска беа на сослушување во суд во Мадрид.

Тие се обвинети за поттикнување бунт  и проневера на пари.  

Јавниот обвинител не побара притвор за Санти Вила, кој поднесе оставка од својата функција 24 часа пред Парламентот да прогласи независност.За него судот побара кауција.