Свет
2. December 2015 - 16:06

Шпанскиот уставен суд ја прогласи за незаконска резолуцијата за независност на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија ја прогласи денеска за незаконска резолуцијата за независност на Каталонија, усвоена минатиот месец од Парламентот на североисточната автономна област.

Каталонскиот Парламент на 9 ноември усвои резолуција, која содржи план за создавање независна држава за 18 месеци.

Процесот е блокиран од 11 ноември, бидејќи се чекаше одлуката на Уставниот суд.

Каталонските лидери, меѓутоа, се изјаснија дека нема да се согласат со одлуките на Уставниот суд.