Loading Video...
Свет
14. October 2019 - 16:44

Шпанскиот суд издаде наредба за апсење на Пучдемон

Врховниот суд во Шпанија  повторно  издаде европски налог за апсење на поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон. 

Налогот е издаден откако судот претходно  осуди деветмина каталонски политичари и активисти на затворски казни од девет до 13 години заради улогата која ја имале во обидот за одвојување на Каталонија од Шпанија  во 2017 година.

По изречените казни стотици студенти и јавни службеници се собраа  на протести во неколку делови на Барселона.

Инаку Пуџдемон веке 2 години се наоѓа во Белгија.