Свет
18. April 2017 - 14:24

Шпанскиот премиер ќе биде сведок во корупциски скандал

Шпанскиот суд денеска го повика премиерот Маријано Рахој да сведочи во најголемиот политички корупциски случај во земјата.

Но, се уште не е одреден датумот кога Рахој ќе сведочи во „случајот Гиртел“, еден од најголемите политичко-корупциски скандали кои ја потресоа Шпанија во последно време, а вмешани се припадници на Народната партија (ПП).

Обвинението вклучува поткуп, перење пари и затајување данок, за што се осомничени бизнисменот Франсиско Кореа и членови на ПП.